Полицискиот час што како ноива рестриктивна мерка се предлага од Комисијата за заразни болести би траел две недели колку еден епидемиолошки циклус, и кога се очекува да има вистински резултат.
Вака денеска министерот за здравство Венко Филипче го образложи предлогот на експертската комисија за воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава од 10 март поради евидентнотозголемување на бројот на заразени изминатите десет дена.
Најмногу заболени, како што може да се види и од дневната статитсика, има во Скопје, Кавадарци, Неготино, Прилеп и во Охрид, а тоокму на овие места има и најмногу заразени со британсската мутација. Тоа пак, предизвикува и зголемен прилив на пациенти во болниците – -во Кавадарци е целосно исполнето Инфективното и дополнителните одделенија и почна да работи и модуларната болница, исто е во Прилеп, и во Скопје секојдневно има се поголем број случаи кои бараат хоспитализација, па се враќа во функција модуларната болница.
Ситуацијата потсетува на ноември лани, кога и други клиники станаа ковид-центри, но засега не може да се каже дали е тренд и дали може да е очекува дежа ву.
Ограничување на движењето после 22 часот според Комисијата е поради групирањата после затворање на угостителските објекти без почитување на превентивните мерки на јавни површини, простори…
Освен предлогот за воведување полициски час засега нема да препорачаат други мерки, како што е одложување на пописот.
Најавата за полицискиот час, наиде на низа коментари од граѓаните на фејсбук-профилот на министерот Филипче. Главно се против ваквата одлука, бидејќи таргетира период кога има мала развиженост.
-Короната се буди во 22 часот и си легнува во 5, е еден од неколкуте илјади коментари на оваа социјална мрежа, на најавата за полициски час.