Вкупниот број пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели низ земјава е 675 и има околу 370 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализрани 33 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, или вкупно 253 кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Од останатите градови зголемен број има во болниците во Прилеп-67, во Куманово-60, во Охрид-55 и во Кавадарци – 41.