Dark Mode Light Mode

Уште една средба на македонско-бугарската комисија заврши без резултат

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања ниту на овој, дванаесетти по ред состанок не постигна напредок по прашањата кои беа на дневен ред – учебниците по историја за седмо одделение по прашањата поврзани со средновековието. За Гоце Делчев и негово евентуално заедничко чествување, воопшто не е ни стигнато.

Состанокот беше онлајн и за „резутатите“ информираа од МНР преку соопштение.

Единствено што може да се впише како резултат од состанокот кој траеше вчера и денеска, усвоен е записникот и договорено е во текот на март, членовите да работат на усвојување на записникот од 11. средба и Годишниот извештај на Комисијата.

Реклама

-И покрај конструктивната дискусија и желбата да се постигне напредок, не беше постигната согласност во однос на прашањата поврзани со средновековието. Остануваат големите разлики во пристапите и разбирањето на улогата на историското образование и образовните политики, соопштија од МНР.

Поради тоа што најголем дел од времето било посветено на дискусијата за учебниците по историја, на оваа средба, Комисијата не го отворила прашањето за Гоце Делчев и негово евентуално заедничко чествување, иако беше на дневен ред.

Следната средба на истите овие теми ќе се одржи на 22 и 23 април.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

На скопскиот аеродром „дефиле“ на патници со лажни ПЦР-тестови

Next Post

По денешните протести: Седум полицајци повредени, осум насилници приведени

Реклама