Во статистиката за последните 24 часа се евидентирани осум починати пациенти и нови 554 случаи на ковид-19 од 3.477 направени тестирања, соопшти Министерството за здравство.
Од починатите, двајца од Скопје (77 и 70 години) и по еден пациент од Прилеп (72), Кавадарци (73), Охрид (71), Ресен (68) Валандово (66) и Дојран (64), сите починати во болнички услови.
Од новите заразени, 258 се од Скопје, потоа 51 од Кавадарци, 41 од Прилеп, 25 од Куманово, 22 од Неготино, 18 од Охрид…
Регистрирани се 210 оздравени пациенти.
Од почетокот на епидемијата во земјава, пред точно една година, коовид-дијагностицирани се вкупно 101762 лица, а починаа 3119 пациенти.
Активни случаи во земјава има 7.748, од нив, 3421 се во Скопје.