Dark Mode Light Mode

Тензии на протестот за „Монструм“, полицијата ги сопре демонстрантите кај Мавровка

Тензии на протестот на семејствата на осудените за „Монструм“. Полицијата со кордони ги сопре насобраните лица на крстосницата после Бит-пазар.

Силно полициско обезбедување, оклопни возила, специјалци го обезбедуваат протестот кој беше најавен со рута од Чаир до кривичниот суд, па до Владата. Демонстрантите кај Бит-пазар беа пречекани од кордони од стотици полицајци.

Дел од протестантите на два пати имаше обид за пробивање на полицијата која ги стопира во понатамошното движење. Помлади учесници ги нападнаа полицијците, но брзп беа спречени во обидот да продплжат да се движат кон судот. Полицијата со добро консолидираните редови почна полека да ги потиснува напаѓачите кон Бит-пазар.

Реклама

Се чини има повредени од судирот, на лице место има неколку амбулантни возила, но засега тоа не е потврдено.

Инаку, протестот беше најавен во вторникот, поради незадоволство од изречените затворски казни од три доживотни казни за тероризам, една казна затвор на 15 години и една на 9 за петкратното убиство во 2012 година на Смилковското Езеро.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Од 1 март повторно ќе може да се плаќа на шалтерите во Пошта

Next Post

Тренд или мини бран: Викендов ќе се знае дали ќе има нови рестрикции поради порастот на заразени со корона - мутацијата

Реклама