Истражувачи од Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) ги советуваат фитнес – центрите да преземат превентивни мерки за спречување на ширење на епидемијата, што вклучува носење маска на лице.
-Отежнато дишење за време на интензивна физичка активност во затворен простор поттикнува побрз пренос, како и тренерите кои гласно извикуваат упатства за вежбање до членовите може да придонеле за ширење на вирусот, се посочува во истражувањето.
Притоа, се препорачува вежбање на отворено или посетување виртуелни курсеви кои го намалуваат ризикот од инфекција.
Во истражувањето биле опфатени лицата кои доаѓале во теретана во Чикаго. Притоа имало 55 заразени лица од 81 лице што посетувале часови по интензивно вежбање од 24 август до 1 септември. Меѓу нив, 22 лица отишле да вежбаат на денот кога имале симптоми или ден подоцна. Три лица отишле да вежбаат на денот кога добиле позитивен тест за корона вирус или ден подоцна. Вкупно 43 членови на теретана кои биле позитивни тренирале и вежбале кога биле заразени.
Сите тие носеле маска при пристигнување во теретаната, им била мерена температурата, но ја тргнале маската за време на вежбањето.