Во насилните протести кои се одржаа попладнево по повод пресудите изречени за случајот „Монструм“, повредени се седум полицајци, а приведени се 8 лица кои фрлаа со камења по полицијата и вандализираа.
Но, тоа најверојатно нема да биде конечниот број на приведени, бидејќи МВР се уште работи на идентификација на насилниците.
Полицискиот кордон кој беше распореден кај „Мавровка“, спречи протестниот марш кој почна од Чаир да заврши пред Кривичниот суд и Владата, но исто така и некои лица кои биле дојдени за да предизвикаат инциденти, да го остварат своето сценарио.
При денешните насилства нападнат е и новинар на агенцијата МИА, додека еден новинар од „Слободен печат“ бил спречен од како што е пријавен полициски припадник да ја извршува својата работа.

Од МВР најавија дека обата случаи ќе ги испитаат и изразија остра осуда за секој обид новинар да се спречи во извршување на својата работа.