Dark Mode Light Mode

Од 1 март повторно ќе може да се плаќа на шалтерите во Пошта

Од 1-ви следниот месец повторно ќе може да се плаќа на шалтерите во Пошта.

Платниот промет ќе биде преку Халк банка, која беше избрана, наместо досегашната Еуростандард, која пропадна.

Платниот промет во првата недела ќе биде достапен во повеќе избрани подружници на Пошта и тоа: во Скопје 1 и Скопје 2, подружниците во Тетово, Гостивар, Кичево, Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Гевгелија, Струмица, Штип, Кочани и Куманово. Во текот на март услугата ќе биде достапна во сите останати единици на Пошта.

Реклама

Плаќањето во готово преку шалтерите на Пошта ќе биде со провизија од 35 денари за плаќање на сметки и други режиски трошоци, а висината на провизиите за уплати кон буџетски установи е во зависност од износот кој се уплаќа.

Според најавите, во скоро време коминтентите на Халкбанк на шалтерите на Пошта ќе можат да вршат и директни плаќања од своите сметки, а ќе бидат овозможени и други банкарски, дополнителни услуги.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Албанија в понеделник ги продолжува разговорите со ЕУ, нашиот состанок е одложен

Next Post

Тензии на протестот за „Монструм“, полицијата ги сопре демонстрантите кај Мавровка

Реклама