Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ попладнево на својот Фејсбук профил објави дека има ковид-19.
-И покрај заштита за целото време на пандемијата на ковид-19, резултатот од тестот кој го направив утринава, откако почувствував покачена телесна температура е позитивен. Останувам во домашна изолација и ги следам инструкциите на лекарите, напиша Богдановиќ.