Dark Mode Light Mode

Во секоја петта сообраќајка учествувале моторџии, ќе внимаваат ли повеќе пролетва?

Речиси во секоја петта сообраќајна несреќа на подрачјето на Скопје, но и на целата земја учествувал моторџија. Односно, во околу 20 проценти од сите сообраќајки кои што се случиле минатата година, еден од учесниците бил и возач на мотор.

Ваков загрижувачки податок бил соопштен на неодамнешната средба која во МВР била оддржана меѓу Секторот за сообраќај и претставниците на Мотоциклистичката федерација и скопските мото клубови „Ноќни волци” и „Но лимит”. Целта било да се разменат мислењата за новодонесените измени во Законот за безбедност во сообраќајот како и за претстојната сезона на употреба на мотоциклите во пролетниот период.

-Беше соопштено дека податоците загрижуваат, дека има се поголем број на сообраќајки и дека мора да се преземаат сите мерки за да се намали бројот на вакви несреќи во кои што има и многу повредени и загинати лица, ни вели Дарко Гиговски, моторџија од клубот „No limit“ кој учествуваше на средбата.

Реклама

Било кажано дека последниве години во градот е забележително зголемување на бројот на моторите. Посебно се зголемила бројката на полесните мотори – веспи и мопеди – со силина до 49 кубици, кои најмногу ги користат службите за испорака на храна или пак граѓани кои сакаат да паузираат со автомобилите во градскиот метеж.

-Голем проблем е што за управување со вакви лесни мотори не треба посебна возачка дозвола туку е доволно да имате положен возачки испит од „Б“ категорија. Тоа значи дека и недоволно искусни возачи може веднаш да седнат да ги возат, а тоа создава ризик, објаснува Гиговски.

Инаку, новите законски промени најмногу се однесуваат на можноста полицијата да може да одземе мотори и до 90 дена во случај да создаваат преголема бучава или прават други прекршоци.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Села и Гаши поднеле интерпелација за Спасовски за „театарот“ со Мијалков

Next Post

Путин: Лани забележавме активност на над 400 тајни агенти низ Русија

Реклама