Dark Mode Light Mode

Две жени успеале да спречат разбојници со пиштоли да ограбат трафика

Фатени двајца разбојници кои со закана со пиштол сакале да ограбат трафика. Имено, велешкото Основно јавно обвинителство поведе истражна постапка против две лица што се обиделе да сторат кривично дело разбојништво, но во тоа биле спречени од страна на две жени.

Од Обвинителството информиораат дека во вечерните часови на 13 февруари осомничените како соизвршители се обиделе да извршат грабеж во трафика на улицата Благој Ѓорев во Велес.

Притоа на две жени што се наоѓале во трафиката им се заканиле со пиштол и се обиделе да ја отворат касата. Но, во тој момент едната жена почнала да вика барајќи помош од полиција, додека другата се борела со двајцата разбојници.

Реклама

Кога не успеале да ја отворат фиоката, осомничените избегале без да ја реализираат својата намера.

Основниот суд во Велес го прифатил предлогот на јавниот обвинител и на двајцата осомничени им определил притвор во траење од 30 дена.​​

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Ужасен ден: 13 починати од ковид во 24 часа, благ пораст и на новозразени

Next Post

Заев: Не ја игнорираме руската вакцина, внимаваме колку набавуваме

Реклама