Пандемијата го бележи еден од најцрните денови денеска. Според дневната статистика што ја објавува Министерството за здравство, во изминатите 24 часа 13 наши грраѓани ја изгубија битката со ковид-19, и уште шест во текот на ноември и декември, со што денеска во оваа графа ќе бидат запишани 19 смртни случаи.
Од нив дури 11 се од Скопје (69г, 75г, 80г, 65г, 66г, 61г, 67г,72г, 76г, 71г и 68г), два пациенти од Тетово (79г и 65г) и по еден пациент од Куманово (50г), Прилеп (78г), Велес (77г), Охрид (87г), Кичево (51г) и Гевгелија (69г).
18 се починати во болнички услови и еден во домашни услови.
Од направени 2.549 тестирања, регистрирани се 415 нови случаи на ковид-19 од кои најмногу во Скопје – 170.
Регистрирани се 244 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 98.584, на починати е 3.037, а бројот на активни случаи изнесува 6.525, од кои 2.890 во Скопје.