Dark Mode Light Mode
Две жени успеале да спречат разбојници со пиштоли да ограбат трафика
Заев: Не ја игнорираме руската вакцина, внимаваме колку набавуваме
Замина и Балашевиќ

Заев: Не ја игнорираме руската вакцина, внимаваме колку набавуваме

Не се игнорира понудата набавка на руски вакцини, туку само се внимава колку вакцини се набавуваат за да не дојде во ситуација да имае три милиони, а да ни се потребни само еден милион, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

-Се работи пред се за одговорност, ако имате предвид дека сте ставиле потпис во Ковакс системот, па дури и сте авансирале 20 отсто, сте потпишале директен договор со ‘Фајзер’, плус првите количини од 800.000, ЕУ официјално објави 70 милиони евра за Западен Балкан, рече Заев.

Од средата започна процесот на вакцинација во земјата со 4.680 дози „Фајзер“ вакцина донација од Србија, кои се првите од договорените 8.000.

Реклама

Кон крајот на месецов се очекуваат да стигнат и 200.000 вакцини од кинескиот производител „Синофарм“, а преку Ковакс се резервирани 833.000 дози вакцини.

Според најавите, првите вакцини што ќе пристигнат преку Ковакс ќе бидат од производителот „Астра Зенека“. Од оваа вакцина за нашата земја се предвидени помеѓу 103.200 и 175.200 дози, од кои околу 35% треба да пристигнат во првиот, а останатите во вториот квартал од годината.

На веб-страницата vakcinacija.mk, досега се пријавиле 58.500 граѓани, а преку матичен лекар 32.917 граѓани над 70-годишна возраст.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Две жени успеале да спречат разбојници со пиштоли да ограбат трафика

Next Post

Замина и Балашевиќ

Реклама