Dark Mode Light Mode

ВМРО-ДПМНЕ со 2.000 амандмани ќе го блокира законот за нов Клинички центар, се сомневаат во криминал

Блокада со поднесување на околу 2.000 амандмани најави денеска најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ во однос на предлогот на законот за изградба на новиот Клинички центар.

-Денес во Собранието се подготвува една од најголемите пљачки во поновата историја на Република Македонија. Станува збор за Предлог закон за реализација на неколку пати помпезно најавуваниот проект за изградба на нов Клинички центар во Скопје, Во законот има премногу аномалии, недостатоци, недоречености и основани сомненија за огромен криминал со пари на граѓаните, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков.

Според него, во овој предлог на закон Владата нема наведено апсолутно никакви конкретни податоци, рокови, информации, планови, стратегија, финансиска конструкција и физибилити студија како би се одвивала реализацијата на проектот за изградба на новиот Клинички центар.

Реклама

-За толку сложен и милионски проект, власта до Собранието и пратениците испраќа предлог закон од само неколку члена, површно и штуро објаснување. Ништо повеќе. И замислете, сето ова власта сака да го помине во Собрание по скратена постапка. Повторувам, по скратена постапка. Ова отвора сомнежи и наведува на голем криминал кој што власта сака набрзина да го протне и спроведе. Нема да седиме со скрстени раце и ќе поднесеме околу 2.000 амандмани со цел да го спречиме носењето на овој закон и овој криминал во најава. ВМРО-ДПМНЕ не е против изградбата на нов Клинички центар во Скопје, но нема да дозволиме 500 милиони евра пари на граѓаните, да се трошат на криминален начин од најкриминалната влада во Европа, и тоа во моменти кога македонската економија е на колена, а граѓаните едвај врзуваат крај со крај, рече Пецаков.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Повлечено едно име од предлог-листа за именување на улиците во Скопје

Next Post

Студен туш од ЕУ за поддржувачите националноста да влезе во личната карта

Реклама