Новинарите и медиумските работници спаѓаат во делот на категоријата граѓани од витални институции за функционирање на државата, и ќе бидат опфатени со втората фаза од вакцинацијата против ковид-19.
Тука спаѓаат новинарите и медиумските работници од радиодифузерите, печатените и он-лајн медиумите, на целата територија на државата.
За ова денеска е разговарано на средбата на министерот за здравство Венко Филипче со претставници на Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумските работници (ССНМ).
Вакцинацијата ќе биде доброволна и списоците на заинтересираните ќе треба да бидат поднесени од секој медиум поединечно, во соработка со ЗНМ, ССНМ и Министерството за здравство.
Терминот за вакцинирање ќе се утврдува согласно протоколите за имунизација на Министерството за здравство, а детали околу постапката за пријавување ќе се објават во текот на следните две недели.