Dark Mode Light Mode

Порфириј избран за нов српски патријарх, порано имал средби со архиепископот Стефан

Досегашниот митрополит загрепско-љубљански Порфириј е избран за нов патријарх на Српската православна црква на денешниот изборен Сабор на архиереите. Митрополит Порфириј важеше како еден од најсериозните кандидати за избор бидејќи е близок со влијателниот епископ бачки Иринеј, како и со српскиот претседател Александар Вучиќ. Неговото име беше извлечено од еден монах меѓу три плика со имињата на сите тројца кандидати. Освен него, кандидати беа епископто бачки Иринеј и бањалучкиот митрополит Ефрем.

Порфириј спаѓа во редот на помладите владици на СПЦ, роден е во 1961 година. Беше викарен епископ на епископот бачки Иринеј, а последните години е на чело на главната епархија на СПЦ во Хрватска.

„Скопско ехо“ дознава дека новиот српски патријарх во минатото имал средба со македонскио архиепископ г.г Стефан, како и со владиците во МПЦ – Петар и Тимотеј. Средбата се случила во неговиот манастир во Ковиљ пред околу дванаесетина години во периодот 2007 – 2008 година. Тој ја пречекал македонската делегација која тогаш била во Србија врзано за разговорите околу решавањето на спорот меѓу МПЦ и СПЦ. По ова, во следните години имал среба и со македонскиот европски митрополит Пимен.

Реклама

Тој неколкупати престојувал и во Македонија. Последен пат пред три години кога го посетил Јован Вранишкоски. Во српските црковни кругови се зборува дека тој кон Македонија гледа со симпатии. 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Над 19.000 граѓани останале без работа за време на пандемијата

Next Post

Новинарите се опфатени со втората фаза на вакцинација - пријавувањето е доброволно

Реклама