Полицијата во Рио де Жанеиро денеска започна истрага по информациите дека на голем број луѓе од ризични групи не им била дадена вакцина, туку бил боцкани со празни шприцови.
Откако на социјалните мрежи се појавија видеа од здравствени работници кои вакцинираат стари лица со целосно празен шприц, полицијата апелираше до локалните власти и здравствените власти да помогнат во напорите да се разбере што навистина се случило со вакцините наменети за стари лица, јавија локалните медиуми.
Во државата Рио има најмалку три случаи на, како што локалните медиуми ги нарекуваат „инјекции со воздух“, во кои здравствените работници вакцинирале од празни шприцови.
Вмешаните во измамата биле отпуштени, а постарите луѓе кои примиле лажни вакцини подоцна биле вакцинирани, соопштија здравствените власти.
Доколку полицијата утврди дека имало измама, осомничените може да добијат до 12 години затвор.