Dark Mode Light Mode
Во Бразил вакцинирале стари лица со празни шприцови?
Три пораки од академик Коцарев: Што мора да знае Македонија, од што тој се плаши, за цензурата…
Три дена протест - три дена посебен режим во центарот на Скопје

Три пораки од академик Коцарев: Што мора да знае Македонија, од што тој се плаши, за цензурата…

Се плашам дека, како и многупати досега, она што сега се прави, за потребите на македонскиот внатрешнополитички амбиент, е наоѓање рамка што ќе создаде привид дека македонскиот идентитет и јазик не се загрозени, засегнати. Ова го кажал претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев во неговото вчерашно обраќање на годишното собрание на МАНУ. Во неговиот говор (кој го пренесува порталот на весникот „Нова Македонија“) академикот зборувал за повеќе теми при што посебно се  задржал на алтернативите кои стојат пред Македонија.

На крајот од обраќањето тој упатил три пораки:

– Прво. Македонија ќе мора да знае „што и каде понатаму“, дури и ако другата страна, тука пред сѐ мислам на ЕУ, нема намери да нѐ прими во своите редови. Ми се чинат неприфатливи изјавите, најмногу на политичарите, од типот „никогаш“ и „нема алтернатива“. Синтагмата „ЕУ е единствена алтернатива“ е сосема погрешна – многу е подобро да зборуваме, на пример, дека ЕУ е најдобрата од повеќето алтернативи. Или, слично. Вака, ако ЕУ од повеќе причини го стопира целосно процесот на проширување или го одложи за подолг период, што ќе значи тоа за Македонија? Со други зборови, ја поддржувам политиката дека европскиот пат е приоритетен, но не и единствен пат за Македонија.

Реклама

Второ. Македонското име, јазик, култура, идентитет, историја, национална свест и самобитност се суверено, нераскинливо и неотуѓиво универзално право на македонскиот народ. Парадоксално и жално, некои од овие права ги загубивме во потрагата по античкото минато, додека се чини дека сите тие права ќе ги загубиме, наскоро, во името на европската иднина. Се плашам дека, како и многупати досега, она што сега се прави, за потребите на македонскиот внатрешнополитички амбиент, е наоѓање рамка што ќе создаде привид дека македонскиот идентитет и јазик не се загрозени, засегнати. Затоа, повикувам 2021 да биде година во која еднаш засекогаш ќе се договориме, со акламација, и тоа е услов за влез во ЕУ, дека македонското име, јазик, идентитет, историја имаат повеќевековна традиција во и надвор од границите на денешна Македонија.

Трето. Мене ми се познати само два државни документи со кои се забранува употребата на терминот Македонија. Првиот документ, од 25 март 1903 година, е наредбата на султанот Абдул Хамид II со која се забранува употреба на називот „Македонија“. Повеќе американски весници, тогаш, коментирајќи го спроведувањето на наредбата, пишуваат за цензурирањето на Библијата. Така, на пример, весникот „The Times Dispatch“ од 5 јули 1903 година, на страница 3, пишува: „Американската библиска издавачка куќа, задолжена за печатење на светата книга, официјално беше спречена од турскиот цензор, кој го забрани зборот ’Македонија’ во посланијата на апостолот Павле и инсистира истиот тој да биде заменет со ’Вилаетите Солун и Монастир’ за да дозволи да се печати Библијата“. За вториот документ нема да проговорам тука. Меѓутоа, впечаток е дека состојбата, во која се наоѓаат денес многу институции и граѓани на Македонија, поради користењето на името Македонија и придавките што произлегуваат од тоа име, е грда, непријатна, одвратна, застрашувачка. Што ни останува нам? Се надевам дека нема да дозволиме, во 21 век, Библијата да биде цензурирана.

Но не само тоа. Се залагам за достоинствена иднина на сите, па така и на Македонците, истакнал претседателот на МАНУ.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Во Бразил вакцинирале стари лица со празни шприцови?

Next Post

Три дена протест - три дена посебен режим во центарот на Скопје

Реклама