Dark Mode Light Mode

ОХИС темелно да се претресе, може има уште заборавени опасни хемикалии

Знае ли некој со сигурност што се има во кругот на пропаднатиот хемиски гигант ОХИС во Скопје? Останаа ли уште заборавени опасни хемикалии кои треба да се бараат? Вакви прашања се наметнува откако деновиве Државниот инспекторат за животна средина таму најде дури 3.100 килограми на отровната хемиска супстанца линдан и хлор. Можно ли е до сега никој одговорен тоа да не ги видел-констатирал и алармирал, како да е во прашање едно шишенце отров?

Откриени се при вонреден инспекциски надзор и тоа во градежни објекти и садови. Нив ги презел ДППУ “Хемиски Инженеринг” ДОО Скопје по стечајот на ОХИС во 2018 година и за чие постоење не е известено ниту Министерството за животна средина и просторно планирање, како и Државниот инспекторат за животна средина. Линданот бил заклучен во ѕидан објект, а чуван во оригинално пакување во книжни вреќи од по 30 килоргами. Хлорот, пак, инспекторите го пронашле во три затворени метални цистерни со волумен од 25 метри кубни во близина на објектите каде се вршела електолизата. Дури било забележано дека во непосредна близина се вршеле активности на сечење на метални цевки и други метални предмети.

Значи, цели три години воопшто не се знаело од страна на државните органи за овие опасни супстанци, како таа завршиле во рацете на оваа фирма, дали за неа знаел стечајниот управник на ОХИС, свесни ли биле за опасноста…?

Реклама

Но, ова не се единствените прашања кои сега се поставуваат. Старо-ново прашање е дали во кругот на оваа поранешна фабрика има уште отровни хемикалии кои не се откриени? Годинава, кога на виделина излезе случајот со цистерната со отровниот винил – хлорид, која потоа одвај се испразни, излегоа и сведочења на поранешни вработени во ОХИС дека во кругот на фабриката имало и жива…

Работнците на дебата одржана во општина Кисела Вода сведочеа дека жива е остаток од процесот на електролиза и дека нејзино постоење потврдила една студија од 2009 години. Тие побарале да се направи нова анализа за да се расчисти оваа дилема. Стечајниот управник, пак, тогаш рекол дека во документацијата која ја попишал немало наведено жива. Сигурно, во документацијата може ги немало ниту 3.100 килограми линдан кој ете сега е откриен. Значи, потребни се нови проверки за од ОХИС да не се појави некоја нова опасност по граѓаните.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Експлодира возилото во кое бил претседателот на Стопанската комора за енергетика, Манасков не е повреден

Next Post

Концерт на Катедрата за современ танц при УГД, вечерва во Дом на армијата

Реклама