Експлозија во која целосно изгорело возилото во кое бил претседателот на Стопанската комора за енергетика, Ѓоѓи Манасков, се случила доцна синоќа на автопатот кај обиколницата Визбегово кон Скопје север. Манасков и неговиот сопатник се добри и немаат никакви повреди, објави Стопанската комора за енергетика на Фејсбук.
– Брзата интервентна полиција која беше во близина и противпожарната екипа веднаш реагираше, но не успеаа да го изгаснат возилото Мерцедес С200 црна боја, кое изгоре до темел за неполни 3 минути. Патниците се здрави и живи, стои во објавата од Комората.
Причините за експлозијата не се соопштени.