Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков излегува од притвор, откако Апелацискиот суд во Скопје ја прифатил гаранцијата од нешто повеќе од 11 милиони евра.
Неговата жалба била уважена, а решението за притвор е преиначено со прифаќање на гаранцијата. Апелациските судии му определиле мерки на претпазливост односно одземање на пасошот и обврска да се јавува во судот.
Мијалков издржува мерка притвор во предметот „Трезор“, каде е неправосилно осуден на 8 години затвор.