Факт е дека тој се повлекува кога неговата партија е на власт, а тоа е дијаметрално спротивна ситуација од 2017-та, кога не можевме да изведеме мирна транзиција на власта при оформено парламентарно мнозинство, што директно ги испровоцира настаните од 27 април, најголемиот срам за македонската демократија во историјата, вели претседателот Стево Пендаровски во врска со оставката на премиерот Зоран Заев.
За соработката вели дека е една од ретките примери во новите демократии ако се има предвид дека досега неколку пати дошле во судир на мислеења, иако се како што рече соборци повеќе од 10 години.
-Независно од индивидуалните ставови на граѓаните за политиките на премиерот во заминување, на јавноста ѝ се познати неколку несогласувања и меѓу нас по некои прашања, тоа е неспорно чин што треба да се поздрави затоа што не се случува често во новите демократии, рече Пендаровски.
Шефот на државата уште рече дека малкумина останавме да живееме во татковината, дека сме поделени по многу основи, и оти нови делби се последната работа која смееме да си ја дозволиме.