Dark Mode Light Mode

Оправдани ли се цените на становите кои растат до небо?

Цените и нивното растење ја крева косата на главата на македонските граѓани. Скопјани дополнително се во шок и од секојдневниот раст на цените на становите. Едноставно, ѕидањето на цените во височина е многу побрзо од вистинското ѕидање на недвижнините во главниот град на Македонија. Има ли тоа економска логика, оправдано ли е толкавото покачување на цените на станбениот квадрат?

-Бев заинтересирана за еден стан во зграда во централното подраче. До скоро цената беше 1.350 евра, но сега ми кажаа дека е 1.700 евра за квадрат и дека најверојатно ќе оди уште погоре. Сега не знам што да правам, да се откажам или да барам помала квадратура. Можеби и ќе чекам да се вратат малку цените во реалноста бидејќи претерале, ни напиша една скопјанка која негодува од новите цени на становите.

Сигурно вакво е искуство и на повеќе други скопјани. На скопското подрачје становите стануваат се поскапи. За оние кои се во новоградба во потесното централно подрачје цената оди од 1.500 евра па до 1.900 евра за подобри локации и начин на градба. Во околните населби како што се Аеродром таа се движи околу 1.250 евра, но одвај може да се најдат, во Ѓорче Петров е околу 1.050 евра…  Се поставува прашањето дали е оправдан ваков раст на цените и дали е тоа реална цена?

Реклама

Од Градежната комора при Сојузот на стопански комори деновиве објаснуваа дека во изминатиот период, поради мораториуми на градби, имало помала градба на нови згради, дека поскапеле материјали за градба, дека граѓаните сега полесно добиваат станбени кредити од банките со помали камати. Со тоа се јавила поголема побарувачка од понудата… Се наведува и тоа дека цените досега стагнирале и дека сега само го фаќаат чекорот со порастот на цените на становите во земјите во регионот.

Меѓутоа, прашање е дали е оправдано толкаво зголемување, од по 15, 20 па и повеќе проценти за еден квадрат. Односно, дали за толку проценти навистина поскапеле цементот, железото, песокот, работната рака… за да инвеститорите тоа веднаш им го префрлаат за плаќање на купувачите? Не сме слушнале дека работниците земаат поголеми плати… 

Дали е време надлежните државни органи да интервенираат на овој пазар со одредени мерки со кои ќе се ублажи толкавиот пораст на цените? Дали градежните инвеститори не е време да помислат и на економскиот и човечкиот морал како и на општествената одговорност во овие времиња на криза? Општеството страда од заминување на младите во странство. Една од причините е и тоа што младите не можат да имаат сопствен стан. 

Инаку, во октомври годинава, на пример, просечна цена на квадрат во Србија била 1.528 евра, во Хрватска 1.809 евра, во Црна Гора 1.219, БИХ – 925 евра… Со таа разлика што во Македонија просечните плати се значително помали од оние на граѓаните во повеќето од овие земји…

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Концерт на Катедрата за современ танц при УГД, вечерва во Дом на армијата

Next Post

Академик Коцарев и со нова книга повикува на спасување на Македонија од разнебитувањето

Реклама