Dark Mode Light Mode

Концерт на Катедрата за современ танц при УГД, вечерва во Дом на армијата

„Импулс“ е насловот на претставата на студентите од 1 и 2 година на Катедрата за современ танц при универзитетот Гоце Делчев – Штип, што ќе се изведува вечерва со почеток во 19 часот, во Домот на армијата во Скопје.

Претстава е во два дела, првиот насловен „All good” во кореографија на Адријана Данчевска, во кој настапуваат: Стефани Шааршмит, Андреј Димоски, Емилија Милак, Клара Христова, Сара Димовска, Јоана Благадуша, Микаела Ангела Глигорова и вториот, под наслов „DEVILS HOLE“ во кореографија на Дејан Битровски, а настапуваат Стефани Шааршмит, Сара Димовска, Андреј Димоски, Емилија Милак, Клара Христова, Микаела Анџела Глигорова.

Вечерва ќе се додели наградата „Менада“ за поддршка на развојот на современиот танц кај нас на кореографката и професорка на Кралскиот универзитет во Хаг, Холандија, Џоан ван дер Маст, која преку нејзиниот „Нов центар за танц“ од Хаг, додели донација на Катедрата за современ танц при УГД.

Реклама

Влезот е слободен.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

ОХИС темелно да се претресе, може има уште заборавени опасни хемикалии

Next Post

Оправдани ли се цените на становите кои растат до небо?

Реклама