Dark Mode Light Mode

Има ли јунак во земјава да го направи супервештачењето за Ласкарци?

Од Техничкиот факултет во Битола, каде што по наредба на судот за супервештачење беше испратен предметот поврзан со автобуската несреќа во село Ласкарци, на 17 декември 2021 година е добиено известување дека Факултетот не прифаќа да го изврши супервештачењето неопходно за затворање на доказната постапка по предметот и донесување првостепена пресуда, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

-По претходно изведени спротивставени вештачења на одбраната и обвинителството, а пред се, за да се запази еднаквоста на оружјето кое во евентуално жалбена постапка може да биде клучно при одлучувањето на второстепениот суд, издадена е наредба за супервештачење. Од надлежниот Технички факултет во Битола, посочуваат од Судот, предметот е вратен со образложение дека лиценцираните вештаци за машинство се стручни само за енергетика и не можат да вештачат моторни возила, а другите вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење, се вели во соопштението.

Од Судот додаваат дека по добивање на известувањето, контактирале со Универзитетот во Штип и Машинскиот факултет во Скопје, од каде што исто така е известено дека тие немаат доволно лиценцирани вешти лица за сообраќајни возила кои претходно не учествувале во изведените вештачења.

Реклама

Предметот е веќе испратен во Бирото за судски вештачења кои имаат можност да формираат тим од лиценцирани вешти лица и да го изготват супервештачењето.

За да се затвори случајот со автобуската несреќа која се случи пред речиси три години и во која загинаа 16 лица, а 37 беа повредени, преостанува само да се изведе и супервештачењето со што доказната постапка ќе биде затворена и предметот ќе премине во фаза на завршни зборови и пресуда. За тоа се закажани рочишта на 25 јануари, и на 3, 10, 15, 24 и 28 февруари 2022 година, се вели во соопштението од Кривичен.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Неуспешен обид за избор на претседател(ка) на Советот на Центар

Next Post

Делови од Центар, Аеродром и Влае без струја

Реклама