Марија Среброва од Левица, доби само 5 гласа „за“ што не беше доволно да биде избрана за претседател на Советот на Центар.
Три од гласовите беа од нејзината партија Левица и два од советниците од коалицијата предводена од СДСМ.
Советниците од ВМРО-ДПМНЕ не предложија кандидат, а пред да почне гласањето ја напуштија салата.
Советниците од Шанса за Центар, пак, најавија дека нема да предложат кандидат за претседател на Советот, поради, како што нагласи советничката Јана Белчева, непринципиелната соработка во текот на изминатите седници на кои беа одбивани нивните амандмани.
Седницата за избор на претседател заврши без најава кога повторно точката би се нашла на дневен ред, а советниците преминаа на другата точка – буџетот на Општина Центар. Со Советот на Општина Центар останува да преседава највозрасната советничка Виолета Велковска од ВМРО-ДПМНЕ.