Dark Mode Light Mode

Нема помилувања на затвореници за Нова Година

Министерството за правда одлучи оваа година на претседателот на државата да не му проследи предлог за новогодишни групни помилувања, односно листата која деновиве излзе во јавноста целосно се поништува.

Од Министерството попладнево соопштија дека ова е направено во консултација со Управата за извршување на санкциите, за да се даде време најнапред да се допрецизираат критериумите и законски да се зајакнат филтрите во однос на тоа како се составуваат листите со предлози на лица кој треба да бидат помилувани.

-Во Министерството за правда постои работна група која  работи на составување на нов предлог-закон за помилување, со кој ќе се зацврснат критериумите и ќе се дефинираат нови построги услови за тој кој може да биде помилуван. Со тоа сметаме дека ќе минимизираат шансите на овие листи во иднина да се најдат лица кои во јавноста предизвикуваат сомнеж за нормалното функционирање на правниот систем, велат од Правда.

Реклама

Деновиве во јавноста се пјави листа со 48 имиња на лица кои требаше да бидат помилувани, по повод Нова Година, нешто што се применува со години наназад. Но, на ова веднаш реагираше заменик-министерот за правда Агим Нухиу кој на Фејсбук објави дека не се согласува со листата. Министерот Бојан Маричиќ пак рече дека листата е направена на предлог на затворите и отфрли одговорност на Министерството. Во меувреме листата беше повлечена, а денеска Министерството соопшти дека воопшто нема ни да ја има.

Според она што беше објавено во јавноста, на листата на оние кои требаше да бидат помилуувани оваа година се наоѓаа бизнисменот Сеат Кочан,  Александар Василевски-Нинџа, Бобан Илиќ…

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Димитров: Евентуалното решение со Бугарија да биде потврдено со расправа во Собранието

Next Post

Неуспешен обид за избор на претседател(ка) на Советот на Центар

Реклама