Dark Mode Light Mode

Братството и единството во Југославија денеска ќе полнеше 78 години, ама…

Ден на републиката, 29 ноември, денеска ќе прославуваше поранешната држава Југославија, ако не се распаднеше во крвави војни. Федерацијата на братски народи (во кој беше и Македонија) се востановила на денешен ден на Второто заседание на АВНОЈ во 1943 година. Празникот 29 ноември, воспоставен во знак на сеќавање на донесувањето на историските одлуки за создавање на нова држава, беше најголем државен празник кој во поранешната држава се празнуваше два дена.

Рамноправна федеративна членка на новата Федеративна Југославија стана и Македонија со македонскиот народ, што е важна етапа во патот на конститурањето на македонската држава кое ќе кулминира на Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година.  

На заседанието на АВНОЈ што се одржа во градчето Јајце, во Босна и Херцеговина, беше донесена историска одлука со која Југославија се конституира на федеративен принцип како заедница на пет народи, меѓу кои и македонскиот, и шест републики. Името ДФЈ ќе го носи до 29 ноември 1945 кога е преименувана во Федеративна Народна Република Југославија (ФНРЈ), за конечно на 7 април 1963 да го добие името Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ). Во тој период масовно се градела и унапредувала целата територија на државата. Сепак, по смртта на неприкосновениот југословенски водач Јосип Броз Тито на 4 мај 1980 година во југословенската федерација почнаа да јакнат процеси на дезинтеграција помогнати и од внатре и од надвор по што во последната декада од минатиот век почнаа процеси на раздружување.

Реклама

Тогашните водачи на југословенските републики не можеа да се договорат околу концептот на новото државно уредување и за мирно раздружување по што се случија крвави судири во републиките кои порано го негуваа концептот на братставо и единство на народите и на народностите. Резултат на сето тоа се илјадници загинати граѓани и големи злосторства и уништување на материјални добра случени во текот на воените конфликти на подрачјата на Совенија, и особено во Хрватска и Босна и Херцеговина. Некогашните шест југословенски републики сега се самостојни држави од кои Словенија и Хрватска станаа земји членки на ЕУ.

Инаку, Денот на републиката во поранешната југословенска држава се прославуваше два дена, 29 и 30 ноември. Тој вклучуваше организирање на повеќе државни манифестоции и свечености, при што посебно беше значајно тоа што на тој ден првачињата стануваа Титови пионери. Секој пионер добиваше сина капа (титовка), црвена марама и црвена пионерска книшка.

По дефинитивниот распад на Југославија во 1992 година во некои од републиките продолжи прославувањето на 29 ноември. Последен пат е обележан во Србија во 2001 година. Сега, празникот го одбележуваат само здруженија граѓани кои ги негуваат спомените на Југославија по поранешни југословенски републики. За многумина се уште останува уверувањето дека во тој период на овие простори се живеело подобро отколку сега.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Уште вечерва „Musica Viva во чест на 55 години ФМУ“: Концерт на студентите по пијано

Next Post

Заев ќе ни даде нов датум за неговата оставка

Реклама