Dark Mode Light Mode

Центар со нова иницијатива: Со секоја нова градба да има паркинзи за велосипеди

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, оствари средба со претставници на иницијативата „На Точак“, на која е договорено при секоја нова градба да се поставуваат паркинзи за велосипеди, со цел поголема нивна употреба како превозно средство во општината, а напролет, општината ќе воведе и одредени денови како „Денови без автомобили“ и ќе бидат изработени стандарди и процедури за развој на велосипедска инфраструктура општината.

Дел од барањата, кои до градоначалникот Герасимовски ги поднесе иницијативата „На Точак“, веќе се имплементираат, а се однесуваат на слободни тротоари и квалитетен јавен простор, затворање на дел од улиците за сообраќај, особено во Дебар Маало, каде има премногу возила со што истите ќе се отворат за пешачење и возење велосипеди. Општина Центар и во следниот период со посилно темпо ќе продолжи да субвенционира велосипеди и велосипедска опрема и засилено ќе работи и на системот за изнајмување на велосипеди.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Алтернатива нема да одлучува кој ќе биде премиер, вели Гаши

Next Post

Од среда кој сака кеса во маркет ќе треба да плати по 15 денари за парче

Реклама