Dark Mode Light Mode

Од среда кој сака кеса во маркет ќе треба да плати по 15 денари за парче

Од 1 декември 2021 година (среда) стапува во сила мерката, кесите за носење стоки да се наплаќаат по 15 денари. 

Ова е обврска од новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување, кој предвидува: забрана на пуштање на пластични кеси за носење на стоки на пазарот во земјава и забрана на пуштање на пластично пакување за еднократна употреба во угостителските објекти на територијата на заштитените подрачја во Македонија.

По исклучок, се посочува, со плаќање на надоместок од страна на крајните корисници, дозволено е пуштање на пазарот биоразградливи кеси за носење на стоки кои се произведени согласно пропишаните стандарди за биоразградливост, освен многу лесните пластични кеси за носење на стоки ( чијшто дебелина е пониска од 15 микрони). Надоместокот со вклучен ДДВ, кој треба да го плаќаат крајните корисници за биоразградливите кеси за носење на стоки изнесува 15 денари за парче и се плаќа на трговецот на местото на продажба.

Реклама

Целта на овој Закон е да ги одврати корисниците од употреба на кеси за еднократна употреба и да ја стимулира употребата на торби за повеќекратна употреба, а засновано врз принципот „загадувачот плаќа“.

Производителите на пластични кеси и понатаму можат да продолжат со работа, но со почитување на пропишаниот стандард за биоразградливост.

ОД МЖСПП напоменуваат дека стандардите за биоразградливост беа воведени уште во претходниот Закон,  а пропишани во 2013 година. Новиот правилник за стандардите за биоразградливост е донесен и се очекува неговото објавување во наредниот број на Службен весник на Република Северна Македонија. До неговото стапување во сила важи постојниот Правилник, стои во соопштението од МЖСПП. 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Центар со нова иницијатива: Со секоја нова градба да има паркинзи за велосипеди

Next Post

Таравари: Влада со Алтернатива во неа нема да трае долго

Реклама