Dark Mode Light Mode

Со 19 починати дневно од ковид, Комисијата за заразни болести оцени дека состојбата е стабилна

Стабилна е епидемиолошката ситуација. Двонеделната инциденца се намалува со некаде околу 14 проценти и минатата недела има околу пет проценти помалку дијагностицирани случаи во однос на онаа недела претходно и во болниците има поголем број слободни кревети, вклучително и на Инфективната клиника каде прилично долг временски период немаше места за хоспитализирање на пациентите, па ги праќавме во другите болници, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче по состанокот на Комисијата за заразни болести. 

Посочи дека разговарале со колегите за новиот сој, тоа е сега актуелна тема, детектиран во Јужноафриканската република и во некои европски земји. Оцениле дека иако некои земји преземаат некаква форма на рестрикција, ние остануваме со сегашниве мерки.

-Сметам дека рестрикција некаква во однос на затворање на граници на секој што доаѓа од одредени земји нема да даде ефект поради тоа што очигледно се детектирани во некои европски земји и досега видовме дека кога нов сој ќе се појави едноставно не може да се спречи, да остане ограничен на една територија каде било во светот. Очигледно е дека соеви ќе се јавуваат и понатаму, така што остануваме со овие мерки коишто сметаме дека се добро димензионирани. Се става акцент на вакцинацијата. Ако некој не е вакциниран може да патува со ПЦР-тест, рече Филипче.

Реклама

Во однос на мерките како критериум за излез, потенцира, ги штитиме околните земји, а се штитиме со овие мерки и за влез во земјата.

– Остануваме со овие мерки засега. Секако дека ја следиме ситуацијата. Се уште е рано, овој е прилично нов сој, допрва ќе дознаваме информации, но од тоа што досега го знаеме сметам дека нема потреба да правиме некаква форма на рестрикција. Во однос на мерките како критериум за излез ги штитиме околните земји, а се штитиме со овие мерки и за влез во земјата. Така што, остануваме со овие мерки засега , рече Филипче, додавајќи дека акцентот се става на вакцинацијата.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Апелација ги потврди казните за „Насилство во Центар, „Тарифа“ вратен на повторно судење

Next Post

Приведени три лица од Скопје кои на „Тик ток“ објавиле видео закани за терористички напад врз трговски центар

Реклама