Dark Mode Light Mode

Уште вечерва „Musica Viva во чест на 55 години ФМУ“: Концерт на студентите по пијано

Уште вечерва трае концертната серија „Musica Viva во чест на 55 години ФМУ“, како дел од одбележувањето на долгогодишното постоење на Факутлетот за музичка уметност во Скопје.

Концертите се одржуваат три дена во Музејот на македонската борба, а присутните уживаат во дела од светската музичка литература изведени од студентите.

Вечерва со почеток во 20 часот настапуваат студентите од класите по пијано. Влезот е слободен, а заради ограничениот број на седишта потребна е резервација на fmu@fmu.ukim.edu.mk.

Реклама

Во рамки на одбележувањето на 55 години од своето основање Факултетот за музичка уметност започнува и со циклус предавања „Научни среди“. Предавањето ќе го отвори професор д-р Снежана Филиповска со тема „Балетската уметност како составен дел од културните збиднувања во Македонија“ на 1 декември на платформата zoom со почеток во 19 часот.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

„О2“: Зошто амандманот против загадувачкото греење во болниците не помина?

Next Post

Братството и единството во Југославија денеска ќе полнеше 78 години, ама...

Реклама