Три лица се приведени за објава на два видео клипа на апликацијата „Тик ток“ со лажни закани за терористички напад врз трговски центар во Скопје. Н.С. од Студеничани, У.И., како и неговиот син А.И. од Скопје се приведени, а во службениот разговор, А.И. признал дека тој ги изработил и пласирал лажните видеа.
Двете видеа со лажни закани за можен терористички напад во еден трговски центар во Скопје се објавени на 28.11.2021 во 19 часот, по што веднаш се преземени соодветни мерки од страна на МВР-БЈБ-Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал/Сектор за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам, СВР Скопје и Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика и Агенцијата за национална безбедност.
Преземени се потребните безбедносни мерки, а утврдени се и лицата- можни креатори на лажните видеа. Известен е јавен обвинител, по чии насоки се обезбедени наредби за претрес на дом кај Н.С. во с.Студеничани и У.И. во Скопје. При претресот на втората локација најдени се дигитални уреди преку кои се објавени лажните видеа.