Dark Mode Light Mode

Трајко Славески ќе преседава со Советот на Град Скопје, го поддржале и советниците од ЛДП и ДОМ

Со гласови на вкупно 26 советници поранешниот министер за финансии Трајко Славески денеска е избран за претседател на Советот на Град Скопје. Неговиот избор беше подржан од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Алијанса за Албанците / Алтернатива и двајцата советници на ЛДП и ДОМ. Против гласаа СДСМ, ДУИ и двајцата советници на Зелен хуман град.

Славески на функцијата доаѓа како носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, во Советот на Град Скопје ВМРО-ДПМНЕ има 18 советници, а СДСМ 12, ДУИ пет, Левица четири, а по две советнички места имаат Алијанса за Албанците/Алтернатива, коалицијата ЛДП/ДОМ и независните кандидати од Зелен хуман град.

Реклама

Конститутивната седница се одржува во кино „Фросина” во Младински културен центар. На дневен ред се и избор на претседател и членови на Комисијата за верификација, мандатни прашања, признанија, претставки и поплаки на Советот на Град Скопје и  извештајот на Комисијата со верификација на мандатите на членовите.

Како еден од приоритетите во работата на Советот на Град Скопје се наметнува поголема транспарентност на овој важен градски орган. Да се надеваме дека же бидат транспарентни, во изминатиот мандат тоа не беше доволно застапено.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Филипче ги средува ли болниците или насочен е само кон невакцинираните?

Next Post

Светот организира тури на Месечината, ние ќе почнеме да градиме пруга кон Бугарија напролет

Реклама