Семејството Белчовски од беровското село Русиново реагира на пресудата од две и пол години затвор за момчето што ја прегази нивната ќерка Верица Белчовска во април годинава во Струмица, а чии органи одлучија да ги донираат на неколку пациенти.
Пресудата ја донела штипска Апелација откако семејството летово поднесоа жалба на пресудата од струмичкиот суд од 15 месеци. Со новата пресуда на штипска Апелација, двојно се зголемува казната од година и три месеци, но за мајката на Верица тоа е неприфатливо ниска казна.
Адвокатката на Белчовски, Сања Мирчов, вели дека Апелациониот суд не ги известил за одржувањето на јавната седница, за да може семејството да присуствува.
– Минимална казна му е изречена на обвинетиот за две кривични дела, судот беше должен да го цени фактот дека на пешачки премин засекогаш згасна млад живот, вели адвокатката Сања Мирчов.
Душанка Белчовска вели дека никој не може да ја врати Верица, но дека судот во Штип потклекнал на лагите изнесени од обвинетиот дека се грижеле за девојката додека била кома.