Dark Mode Light Mode

Синдикати контра мерките на Филипче: Најавеното е неуставно, не исклучуваме протести

Отпор, противење, обвинувања дека се кршат човекови права, па и најава за протести искажаа денеска синдикалните организации во Македонија по најавата на министерот Филипче дека ќе биде задолжителна вакцинација за вработените во јавниот сектор. Против најновите мерки што ги предлага Комисијата за заразни болести реагираа денеска Сојузот на синдикати на МакедонијаКонфедерација на слободни синдикати како и Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија.

За потсетување, Комисијата за заразни болести реши да ѝ предложи на Владата сите вработени во јавниот сектор и во локалната самоуправа при одење на работното место да прикажат потврда за примена најмалку една примена вакцина или ПЦР негативен тест кој ќе важи најмалку 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок. Втората предлог-мерка е вакцинацијата да биде задолжителна за сите здравствени работници.

Од Сојузот на сидикати на Македонија денеска соопштија дека вакцинацијата не може да биде присилна.

Реклама

-Вакцинацијата мора да биде резултат на лична определба на работниците и не смее да се спроведува со присила. Процесот на имунизација не смее да се спроведува на штета на елементарните права на граѓаните гарантирани со Уставот, меѓународните конвенции и закони и против волјата на поединецот, стои во реакцијата на ССМ.

Синдикатот информира дека во изминатиот период до него пристигнале обраќања од работници кои не се вакцинирани во кои укажуваат дека не им е дозволено да влезат на работа без сертификат за вакцинација или негативен тест направен на нивни трошок. Поради ова, од ССМ се обратиле до Државниот инспекторат за труд од каде добиле одговор дека ваквите однесувања на работодавачите се незаконски.

Од Конфедерација на слободни синдикати изјавија дека со задолжително вакцинирање на вработените се кршат човекови права. Според нив, вакцинирањето треба да е личен избор, а не да се наметнува со мерки. Отаму предурпедуваат дека ќе ги искористат сите синдикални мерки кои им стојат на располагање.

-Притисокот врз нас денеска е толку голем по најавените предлог мерки – многу вработени ни се јавуваат. Не може без поголема кампања за вакцинација, наеднаш да ни се наложува или вакцинација на вработените. Има многу бурни реакции од членството и не е исклучено и да има и протести доколку предлог мерките се усвојат на Влада, изјави Благоја Ралповски, претседател на КСС.

Од Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) укажаа дека е неприфатливо да се наруши слободниот избор на работниците.

– Присилната-задолжителна вакцинација е неуставна и доколку истата прејде во фаза на спроведување, КСОМ најавува дека ќе организира синдикални протести и ќе покрене иницијатива пред Уставниот суд со цел да ги заштити членовите на синдикатот кои по сопствено убедување решиле дека не сакаат да се вакцинираат, се вели во соопштението на КСОМ.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

За утре свикан состанок на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Next Post

Двојно зголемена казната за момчето што ја прегази Верица Белчовска - но дали е тоа доволно?

Реклама