Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за утре свика состанок на Извршниот комитет на партијата.
Минатата недела во Собранието пропадна обидот да се изгласа недоверба на Владата на премиерот Зоран Заев, па се очекува да се разговара за следните политички чекори во однос на барањето за брзи предвремени парламентарни избори.
Мицкоски изјави дека секоја лидерска средба е добродојдена, но не гледа што би се разговарало на неа. Од партијата се убедени дека политичката криза ќе се продлабочува, а само брзи предвремени избори се излезот.