Dark Mode Light Mode

Нови 476 случаи на ковид и 13 починати

Регистрирани се нови 476 случаи на Ковид-19 од направени 3.145 тестирања, вкупно 13 починати, од кои девет во последните 24 часа, а четири преку системот „Мој Термин“ и 279 оздравени пациенти, информира Министерството за здравство, повикувајќи се на податоците од Институтот за јавно здравје.

Од новорегистрираните 476, од Скопје се 208, Битола – 45, Велес – 29, Прилеп – 22, Куманово – 21, Кавадарци – 18, Охрид, Кочани и Гевгелија – по 13, Штип – 11, Делчево – 8, Берово – 7, Струмица, Неготино и Радовиш – по 6, Тетово, Свети Николе, Крива Паланка , Кратово и Демир Хисар – по 5, Ресен – 4, Гостивар, Кичево, Виница , Валандово и Крушево – по 3, Пробиштип и Пехчево – по 2, Струга и Македонска Каменица – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (76г и 77г) и Куманово ( 65г и 73г) и по едно починато лице од Велес (79г), Кавадарци (68г), Штип (88г), Прилеп (70г) и Крива Паланка (40г). Од пријавените лица осум се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Реклама

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 4 починати лица со датум на смрт од 04.11.2021 до 14.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (1), Битола (1), Велес(1) и Кочани (1). Починатите лица се на возраст од 57-81г, од кои 3 лица се починати во домашни услови и едно лице во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 210.447, бројот на оздравени пациенти е 194.625, на починати е 7.367, а бројот на активни случаи изнесува 8.455, од кои 3.846 во Скопје.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Двојно зголемена казната за момчето што ја прегази Верица Белчовска - но дали е тоа доволно?

Next Post

ЕСМ демантира дека имало експлозија во ХЕЦ „Вруток“ - имало прекин поради осигурувач на вод

Реклама