Пред малку победа на изборите за градоначалник на Скопје прогласи и независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска. Таа пред насобраните граѓани кои и ракоплескаа најави дека Скопје ќе го трансформира во чист и модерен град. Арсовска воедно се заблагодари за големата поддршка.
-Благодарам што ги поддржавте моите проекти, што одбравте да верувате на човечноста. Мој противник не беше само стариот градоначалник, туку и премиерот во заминување. Да побараме одговороност за она што не е сработено. Скопје да го трансформираме во чист, модерен и зелен град. Вечерва да славиме, а од утре да почнеме со работа, истакна Арсовска.
Таа воедно кажа дека победата е голема, над 20 илјади гласови.