Славеничка е атмосферата во штабот на независниот кандидат во Куманово. Имено, досегашниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, ќе остане на истата функција. Тој пред многу насобрани граѓани пред малку се обрати со благодарност за гласовите и со ветување за ново работење.
-Ќе му служам и понатаму на Куманово, истакна Димитриевски.
Да потсетиме противкандидат на Димитриевски во Куманово е Оливер Илиевски од СДСМ, партијата која пред четири години токму со Димитриески славеше победа во Куманово.
Досегашното пребројување покажува дека разликата е повеќе од 5.000 гласа.