Dark Mode Light Mode
Сончево со мала локална облачност
Гласачите го уверија Заев дека не му дале жолт туку црвен картон
Црната кампања му донесе црнило на СДСМ

Гласачите го уверија Заев дека не му дале жолт туку црвен картон

Неколку часа по затворање на избирачките места вчера почна славењето на опозицијата за победата на локалните избори. Гласачите јасно одлучија во вториот круг – довербата ја даваат на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ кои освоија градоначалнички места во 20 општини, Алијанса за Албанците – Алтернатива и Беса по две, и по едно градоначалничко место имаат освоено ДПА, ГРОМ и Коалицијата ЛДП-ДОМ. Владеачките СДСМ и ДУИ освоија по седум градоначалнички места.

Во вториот круг победи и независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје Данела Арсовска, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, независниот кандидат Максим Димитриевски во Куманово, и независниот кандидат во Дебарца Зоран Ногачески.

Со ова гласачите јасно дадоа до знаење дека во првиот круг на Зоран Заев не му дале жолт картон како што тој мислеше туку црвен. Доцна синоќа по се изгледа тоа го разбра и самиот Заев и си поднесе оставка од премиерската функција, но и од лидерската во поразениот СДСМ. Пред заминување тој изрази разочараност што мнозинството од народот ги избрал, како што рече, истите луѓе и политичари кои пред четири години во Парламентот сакале и тргнале да убиваат.

Реклама

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пак, Христијан Мицкоски, синоќа порача дека партијата извојувала голема победа, по која ќе почнеле промените за подобра Македонија.

За потсетување во првиот круг од локалните избори ВМРО-ДПМНЕ освои 22 градоначалнички места, СДСМ девет, ДУИ две.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Сончево со мала локална облачност

Next Post

Црната кампања му донесе црнило на СДСМ

Реклама