Dark Mode Light Mode
Црната кампања му донесе црнило на СДСМ
710 поранешни функционери заборавиле да поднесат анкетен лист, ќе ги потсетуваат со парични казни
Македонски државјанин уапсен во Бугарија за шверц на накит од Турција

710 поранешни функционери заборавиле да поднесат анкетен лист, ќе ги потсетуваат со парични казни

Заборавни поранешни функционери лоцирала Државната комисија за спречување на корупцијата. Имено, Комисијата утврдила дека во 710 случаи на лица кои во предвидениот законски рок од 30 дена по престанокот на нивната функција до антикоруционерите не поднеле анкетен лист. На сите ќе им биде изготвен прекршочен налог.

До бројката на поранешни функционери комисијата дошла по увидот во годинешните изданија на Службен весник во делот на избори и по сопствената евиденција.

Против сите лица за кои е утврдено дека во законски утврдениот рок не ја исполниле законската обврска за поднесување анкетен лист до Комисијата, информираше претседателката Билјана Ивановска, ќе им се издаде прекршочен платен налог за сторен прекршок во членот 82 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси.

Реклама

-Ова значи дека се работи по сите овие предмети, се обезбедуваат податоци онаму каде што недостасуваат, имајќи предвид дека во Служебен весник има податоци само за име и презиме, нема матични броеви, така што за сите овие лица ќе им се изработат платни налози, односно ќе започне прекршочна постапка понатаму доколку не ги платат платните налози, објасни Ивановска, додавајќи дека како ќе бидат завршувани предметите на кого се однесуваат, така ќе бидат и објавувани.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Црната кампања му донесе црнило на СДСМ

Next Post

Македонски државјанин уапсен во Бугарија за шверц на накит од Турција

Реклама