Премиерот Зоран Заев, кој синоќа поднесе оставка, нема да оди во Белград на 3 и 4 ноември, како што првично беше планирано, на состанок на иницијативата „Отворен Балкан“.
-Господинот Заев нема да дојде во Белград со оглед на политичката ситуација, велатизјавиле од кабинетот на Заев за Танјуг.
На средбата ќе оди друг претставник што ќе биде одреден денеска или утре.
Првично беше планирано македонскиот и албанскиот премиер Зоран Заев и Еди Рама да ја посетат Србија на 3 и 4 ноември, на средба по повод иницијативата „Отворен Балкан“.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој престојува во Глазгов на климатскиот самит, денеска се сретна со премиерот на Албанија, Еди Рама и со македонскиот претседател, Стево Пендаровски.