Dark Mode Light Mode

Предметите за изборни инциденти од првиот круг уште го чекаат обвинителството

Локалните избори завршија, новите градоначлници се очекува веднаш да се фатат за работа и да ги остварат ветувањата. Резултатот излезе како што сакаше народот, односно жителите на одделните градови и општини.Но не помина без инциденти и обиди за нерегуларности и вчерашниот ден.

Еден од посериозните е во скопско Бојане, во Сарај. Набљудувач на „Аксиос 2017“ беше нападнат и избркан од гласачко место.

-Нашиот активист при обидот да влезе и да го следи изборниот процес, бил физички нападнат од повеќе лица. Активистот е овластен од страна на Државната изборна комисија непосредно да ги следи Локлните избори 2021. Истиот во моментот кај себе поседувал легитимација и овластување доделени од страна на ДИК, велат од „Аксиос 2017“.

Реклама

Граѓаните Очекуваат од институциите да си ја завршат работата. Во меѓу време, ова не е единствениот инцидент, а бројот е многу поголем ако се земат предвид обидите за поткуп, притисоци, и други нерегуларности од првиот круг. Но за нив институциите уште немаат епилог. Односно обвинителството соопшти уште веднаш по првиот круг, односно на 18ти октомври дека отвора предмети, но ништо не мрдна од таа точка следните две недели.

Зошто институциите не ги решаваат експресно овој тип на предмети? Зошто се чека толку?

И не се само овие инциденти. Предметите „пукање со огнено оружје на митинзи и славја“ од страна на функционери на ДУИ во власта и за оваа година, но и за претходни изборни циклуси, никогаш не добија завршница. Никој никогаш не одговараше за нив. Затоа и има нови и нови изборни инциденти.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Данела Арсовска: Мој противник не беше само Шилегов туку и премиерот во заминување

Next Post

Втора сезона на „Филмска училница“ во Кинотека на Македонија

Реклама