СДСМ и уште 20 партии попладнево потпишаа договор за заеднички настап на претстојните локални избори.
Како што изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев по заедничката средба, дефинирани се соработки на повеќе нивоа, заеднички советнички листи и 69 градоначалници.
Коалицијата наречена „Најдоброто за мојата општина“, според Заев е фаворит на изборите, поради знаењето, волјата, мотивацијата, планот и програмата за решавање на проблемите на граѓаните, како и принципите – работа во интерес на сите.
-На државотворни партии им приличи да склучат Договор токму на Денот на независноста, денот на кој одбележуваме 30 години сувереност и државност, рече Заев.