Dark Mode Light Mode

ССМ ги потсетува работодавците да исплатат К-15

Сојузот на синдикатите на Македонија, денеска преку соопштение ги потсетува работодавците во приватниот сектор да исплатат регрес за годишен одмор, популарно К-15, бидејќи тое е законска обврска.

-Регресот за годишен одмор е право воспоставено по пат на дијалог помеѓу претставниците на работниците во конкретниот случај Сојузот на синдикатите на Македонија и од претставниците на работодавачите– ОРМ и со оглед на тоа што се работи за право уредено спогодбено со потпишување на колективен договор, очекувано е работодавачите целосно да ја исполнат обврската која доброволно ја презеле. Согласно член 35 од ОКД за приватниот сектор од областа на стопанството регресот за годишен одмор се исплатува во висина од најмалку 40% од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач, велат од ССМ.

Основицата за пресметување на надоместоците на работниците е просечната месечна нето плата по работник во Македонија исплатена во последните три месеци.

Реклама

На барање на ССМ,  Владата прифати, а работодавачите добија поголемо даночно ослободување при исплата на регрес за годишен одмор, а со таквото даночно ослободување до 80% од просечната плата, е надмината пречката работодавачите да исплаќаат и повисок износ на регрес за годишен одмор од утврдениот во висина од 40%.

-На работниците на кои нема да им биде исплатен регресот за годишен одмор им укажуваме дека можат да побараат интервенција преку новата мобилна апликација ССМ – мои работнички права за да можеме да интервенираме до Државниот инспекторат за труд, или пак да покренат судска постапка за заштита на своите права, велат од ССМ.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Почнува Саемот на книгата - на отворено и само со потврди за ковид-статус

Next Post

Нешто повеќе од 3.000 граѓани вчера примиле прва доза - речиси 590.000 се целосно вакцинирани

Реклама