Прва доза вакцина вчера примиле 3.214 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.232 граѓани. Со тоа, во државата вкупно се аплицирани 1.326.584 дози вакцини, а целосно вакцинирани се 589.573 граѓани.
Со последните бројки 54% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 29% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата, додека децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.