Dark Mode Light Mode
СДСМ и 20 партии потпишаа договор за заеднички настап на локалните избори
Здравство тврди дека донираните вакцини од Бугарија ќе ги потрошиме пред рокот – 30 септември
Ковид во 24 часа: 24 починати и 702 нови заразени

Здравство тврди дека донираните вакцини од Бугарија ќе ги потрошиме пред рокот – 30 септември

Министерството за здравство попладнево преку соопштение упати порака дека вакцините кои земјава ќе ги добие од Бугарија ќе бидат искористени пред истекување на рокот на важност.

-Вакцините од производителот „Фајзер“ кои треба да пристигнат како донација од Република Бугарија, ќе бидат аплицирани за 5 до 7 дена од нивната дистрибуција на пунктовите. Согласно договорот со Република Бугарија, вакцините ќе бидат достапни на 14 септември на нашите пунктови што значи дека има повеќе од доволно време да се искористат и ниедна да не биде уништена. Просекот на дневно аплицирани дози е околу 10000 вакцини и најголем процент од нив се токму од производителот „Фајзер“, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.

Реакцијата од Министерството е откако бугарското Собрание го ратификуваше договорот, со кој ќе ни бидат донирани над 51.000 дози вакцини „Фајзер“, но прашањето беше дали тие ќе стигнат во земјава пред да им истече рокот- 30 септември.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

СДСМ и 20 партии потпишаа договор за заеднички настап на локалните избори

Next Post

Ковид во 24 часа: 24 починати и 702 нови заразени

Реклама