Во последните 24 часа шест лица во земјава починаа како последица на ковид: по 2 починати лица од Скопје (75г и 76г) и Тетово (53 г и 77г), по едно починато лице од Гостивар (58г) и Битола (79г). Сите починати лица се починати во болнички услови.
Направени се 5.390 тестирање и регистрирани се 639 нови случаи на ковид-19: Скопје – 218, Тетово – 113, Гостивар – 99, Струмица – 37, Куманово – 34, Кичево – 32, Битола – 17, Струга – 16, Дебар – 9, Велес и Охрид – по 8, Прилеп ,Кавадарци и Берово – по 6, Штип ,Ресен и Македонски Брод – по 5, Валандово – 4, Кочани – 3, Радовиш и Делчево – по 2, Неготино,Крива Паланка , Виница и Демир Капија – по 1.
Регистрирани сe 22 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на заразени од почетокот на епидемијата изнесува 159.908 бројката на оздравени пациенти е 150.635, на починати е 5.527, а бројот на активни случаи изнесува 3.746. Во Скопје има 1.257 активни случаи.