Dark Mode Light Mode

Уапсен жител на Арачиново, напаѓал луѓе низ Центар

Полицијата приведе 20-годишен жител на скопското село Арачиново под сомнение дека вршел разбојништва во центарот на Скопје, поточно во близина на Судска палата.

Според информациите на МВР,  вчера во 15 часот на бул. Гоце Делчев, полициски службеници го привеле Х.З.(20) од село Арачиново. Тој се сомничи дека во периодот од 22.06. до 10.08. на кеј „Димитар Влахов“, на потегот од црквата Св.Богородица до МРТВ, извршил девет кривични дела разбојништво.

Тој бил приведен во полициска станица и во присуство на јавен обвинител било извршено препознавање од страна на оштетените. По целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена пријава.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Македонската фудбалска репрезентација падна за десет места на ФИФА листата

Next Post

Кривата секојдневно оди само нагооре: 6 починати и 639 нови заразени за 24 часа

Реклама